11:14 - 10 ноември, 2026

Српскиот евровизиски претставник обвинет за педофилија, тој тврди дека тоа е местенка

Победата на неодамна одржаниот српски музички натпревар „Песма за Евровизију“ ја однесе пејачот Стефан Здравковиќ, познат како Принцот од Врање, кој со песната „Мила“ ќе ја претставува Србија во швајцарскиот Базел на претстојната Евровизија 2025.

Оттогаш, за Принцот од Врање почнаа да кружат разни пикантерии, некои вистинити, некои измислени. Така, на социјалната мрежа Икс се појавија шокантни пораки за кои тврдат дека Принцот од Врање наводно ги праќал на девојчиња.

„Колку години имаш?“

„17“

„Аууу”

„Знам“

„На која возраст си?“

„06“

„Лелеее“

Откако победи на Евровизија, на интернет почнаа да кружат негативни коментари за него, а сега сè отиде многу далеку. Имено, Стефан го обвинија за наводна педофилија, на што веднаш реагирал и сè пријавил во полиција.

Пејачот рекол дека се работи за местенка и дека разбира дека на некои не им се допаѓа тоа што ќе ја застапува Србија на Евровизија, но дека сето тоа отишло предалеку.

– Прифаќам дека на некои луѓе не им се допаѓа да ја претставувам Србија на Евровизија, но не прифаќам ваков вид на сајбер криминал. Случајот е пријавен во Одделението за високотехнолошки криминал. Тие се многу успешни во решавањето на ваквите работи – рекол Принцот од Врање за српски „Телеграф“.

 

Слични објави

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.

Вкусен прилог со златна кора — рецепт за суфле од четири компири со пармезан

К.С.

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ — Андријана Петрушовска го прослави 27. роденден во бел сатенски корсет и бордо панталони

К.С.

Дневен хороскоп за 10 ноември: Искрен разговор би можел да ви помогне да решите долгогодишно недоразбирање

Е.А.

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо
Се вчитува....