14.8 C
Скопје
17:36 - 14 март, 2026

Србија и Црна Гора извисија, не се пласираа во финалето: Ова се земјите кои в сабота ќе настапат на Евровизија

Реакциите на втората полуфинална вечер од Евровизија кој се одржа во четврток во Базел, не  стигнуваат. Српскиот претставник, Принцот од Врање, не успеа да се квалификува во финалето.

Српските медиуми опширно го коментираа исходот од натпреварот. „Блиц“ пишува дека последниот пат кога Србија не стигнала до финалето било пред осум години, а резултатот од оваа година се нарекува „целосен потоп од земјите од поранешна Југославија“ со оглед на тоа што, заедно со Србија, од натпреварувањето испаднаа и Црна Гора и Хрватска.

Второто полуфинале на Евровизија 2025 заврши и официјално се познати сите финалисти.

Ова е четврти пат како не успеаја да стигнат до финалната вечер. Првпат испаднаа во 2009 година кога Марко Кон се натпреваруваше со песната „Ципела“. Потоа, „Моје три“ не обезбедија пласман 2013 година со песната „Љубав је свуда“, во 2017 година, Тијана Богиќевиќ исто така не стигна до финалето, со песната „In too deep“.

Од втората полуфинална вечер во финалето се пласираа Литванија, Ерменија, Грција, Латвија, Израел, Малта, Финска, Данска, Австрија и Луксембург. Претходно, во финалето во првата полуфинална вечер се квалификуваа Шведска, Полска, Албанија, Исланд, Сан Марино, Естонија, Португалија, Норвешка, Холандија и Украина.

Ова се земјите кои ќе се натпреваруваат на финалната вечер на Евровизија на 17 мај: Литванија, Израел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Латвија, Малта, Грција, Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија, Украина.

Покрај гореспоменатите натпреварувачи, во финалето е и голема петорка: Франција, Италија, Велика Британија, Германија, Шпанија, како и претставникот на земјата домаќин – Швајцарија.

Слични објави

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Евровизиските обложувалници веќе ги откриваат првите фаворити за победа на Евровизија 2026

Еспресо

Дакота Џонсон во љубовен триаголник со Педро Паскал и Крис Еванс: Дали ова е романтичниот филм на годината?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ стана баба: Има само 35 години, а веќе ја доби оваа улога – „Ти благодарам, Боже, пристигна Миња“

Еспресо

(Фото) „Тој е богат и живее во Мајами“: Станија сподели информации за мистериозниот бизнисмен кој ѝ го украде срцето

Еспресо
Се вчитува....