15:37 - 9 јануари, 2026

Спектакуларно убава, но без среќа во браковите; која е Бирче Акалај, преубавата Илај од турската серија Вавилон?

Популарноста на турските актерки се должи на нивниот светол изглед и жешкиот темперамент, кој се провлекува во секоја улога што ја играат. Актерките од сончевата Турција заземаат врвни места во рангирањето на славните и сè почесто ги нарекуваат идеали за убавина, заедно со холивудските ѕвезди. За да го задржат интересот на публиката, убавите турски глумици прибегнуваат и кон пластични операции, а исклучок не е ни преубавата Бирче Акалај.

фото инстаграм

Бирче Акалај, родена на 19 јуни 1984 година во Истанбул, Турција, од рана возраст се занимавала со кореографија, а веќе на 3-годишна возраст нејзините родители – на кои им била единствено дете – ја испратиле во балетско студио. Сепак, набргу сфатила дека нема да постигне голем успех во балетот. Но, висока (178 см) и витка (58 кг), спектакуларно убавата девојка била веднаш прифатена во агенција за модели.

Учествувал на натпревари за убавина, во 2004 година, Бирче го освоила високото трето место на натпреварот за Мис Турција. Во истата 2004 година, била примена на Истанбулскиот театарски универзитет на Факултетот за драмска уметност и театарска критика. Паралелно со студиите, од 2004-2007 година, работела и како ТВ водителка.

На филмското платно првпат се појавила во 2006 година, играјќи ја улогата на Ламија во мелодрамата Судбина. Широката популарност ѝ дојде во 2010 година, кога на екраните почна да се појавува турската серија „Помеѓу небото и земјата“, во која таа играше една од главните улоги – Хава Карагул.

По оваа серија, добива понуди за бројни други турски серии и филмови, а во Македонија деновиве е позната по турската серија Вавилон, каде глуми една од главните ликови (Илај).

Во брак била двапати. Првиот пат се омажила со глумецот Мурат Јуналмиш, кој бил нејзин партнер во серијата „Помеѓу небото и земјата“, во која двајцата ги играа главните улоги. Нивната романса започнала на снимањето, а се венчале во мај, 2011 година. Сепак, бракот беше краткотраен: веќе во ноември 2012 година тие се разведоа. Вторпат се венчала за глумецот Сарп Левендоглу, две години после разводот со првиот сопруг.

Заљубен пар долго време ги воодушевуваше обожавателите – двете ѕвезди се појавуваа на социјални настани, учествуваа на фотографски сесии и даваа заеднички интервјуа.

За жал, и овој брак кратко траел, околу три години. На 10 јануари 2017 година тие официјално поднеле барање за развод. Иницијатор за раскинувањето бил Сарп Левендоглу, кој во бракоразводна парница објаснил дека сака да се раздели со Акалај со образложение дека „основата на брачната заедница е разнишана поради сериозен конфликт“. Тие меѓусебно не бараа материјална и морална отштета, а по одлуката за развод ја напуштиле судската зграда од различни излези.

Причина за недоразбирањата на Бирче и Сарп, според турските медиуми, била во тоа што глумецот не сакал да го трпи постојаниот ангажман (снимања) на неговата сопруга. Важен фактор во конфликтот била и неподготвеноста на актерката да има деца, сметајќи дека децата ќе ја нарушат нејзината професионална кариера на глумица и манекенка.

Во едно неодамнешно интервју Бирче изјави дека „неуспехот е најдобра лекција“, миселјќи на својот приватен живот. На својот инстаграм профил има над 2.6 милиони следбеници.

Модните и козметички брендови не штедат во сумите за да ја ангажираат како нивно заштитно лице, а меѓу нив е и Лореал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Birce Akalay ♾ (@birceforever)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BirceAkalay (@birceakalay)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BirceAkalay (@birceakalay)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BirceAkalay (@birceakalay)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BirceAkalay (@birceakalay)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Birce Akalay ♾ (@birceforever)

 

 

 

Слични објави

Го изненади со патување за роденден: Тамара Тодевска објави уникатна приказна

msp-admin

(Фото) Српската државна рекордерка и учесничка во реалното шоу „Ексатлон“ пренесена во итна помош! Доживеала ужасна повреда

Еспресо

(Фото) Македонската ѕвезда на „Гранд“ пак во болница во Германија, уште една болка по тешката операција

msp-admin

Наташа Беквалац за бившите: Еве каков однос имала нејзината ќерка со Љубомир и Лука

Еспресо

(Видео) Инспектор Томе од „Преспав“ во досега невидено издание, ваков не го знаеме

msp-admin

Нови детали за трагичната смрт: Фризерот што го прослави Карлеуша се разболел во Занзибар и починал по враќањето во Белград

Еспресо
Се вчитува....