05:16 - 8 април, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Важноста од нефролошки преглед при СБМ

СБМ или срцево-бубрежно метаболен синдром е комбинирана состојба, која ги засега бубрезите, срцето и метаболизмот.

Ако се има предвид дека околу 700 милиони луѓе низ светот страдаат од хронична бубрежна болест, а околу 500 милиони живеат со дијабетес мелитус, најголем дел со тип 2, како и фактот дека 64 милиони луѓе страдаат од срцева слабост, станува алармантна важноста од навремено откривање и лекување на меѓусебната поврзаност на овие заболувања.

Поврзаноста на бубрегот, срцето и метаболните нарушувања

Работата на срцето и на бубрезите е тесно поврзана. Нивната заемна функција го регулира крвниот притисок, волуменот на урина и течности, нивото на електролити во крвта, како и снабдувањето на другите ткива и органи во организмот со соодветно количество крв и потребни материи за нивно нормално функционирање. И двата органа создаваат и лачат хормони, па затоа не е чудно што дисфункцијата на едниот орган доведува до оштетување и дисфункција на другиот орган. Минимално намалена бубрежна функција, независно од другите фактори на ризик, може значајно да го зголеми севкупниот кардиоваскуларен морбидитет и морталитет. Истовремено, намалената бубрежна функција е поврзана со полош исход кај срцевите заболувања, перкутаните коронарни интервенции, кардиохируршките интервенции, како и кај употребата на фибринолитичната и останата терапија. Кај пациентите со хронична бубрежна болест, смртноста од кардиоваскуларните заболувања е за 10-20% поголема од таа во општата популација за соодветната старосна група.

Пациентите со терминална бубрежна болест во 75% имаат задебелен ѕид на левата срцева комора, 40% имаат срцева исхемија, а околу половина од нив добиваат акутен миокарден инфаркт во тек на две години од отпочнување со хемодијализно лекување, со значајно повисока стапка на смртност од останатата популација. Голем дел од пациентите со срцева слабост имаат подлежечка бубрежна болест и обратно.

Болните со дијабетес мелитус, како и оние со прекумерна тежина, во најголемиот број страдаат од засегање на бубрезите и на срцето, развиваат периферна артериска болест, атеросклеротски промени, со лош исход, висок кардиоваскуларен и бубрежен морбидитет и морталитет.

Клиничко иследување при сомнеж за комбинирано бубрежно-срцево и метаболно заболување

Намалената стапка на гломеруларната филтрација, како и присуството на албумини во урината, се независни фактори на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Затоа важноста од нивното определување е дел од светските упатства за ран скрининг и лекување на бубрежните заболувања, срцевата слабост, покачениот крвен притисок, акутниот коронарен синдром.

Едноставни се тестовите за потврда односно исклучување на ова заболување. Тие може да се направат во која било лабораторија и да се анализираат параметри како уреа, креатинин во крвта, калиум, како и постоење белковини, особено албумин во урината. Определувањето на уринарниот албумин-креатинин сооднос, се зема како параметар за потврда или за исклучување на ова заболување.

Препораки

Откажување на цигарите, физичка активност, намален внес на сол, шеќери и маснотии во исхраната, регулација на телесната тежина, како и редовните контроли кај мултидисциплинарен тим лекари се од витална важност во одржувањето и третманот на овие пациенти.

Нефролошкото иследување е од особена важност при планирање третман, дијагностички процедури, особено при сите оние каде што има потреба од употреба на контрастно средство, предоперативни и постоперативни следења на овие пациенти, дозирање на лековите, изработка на нутриционистички план и рехабилитација. Фреквенцијата на нефролошките контроли пред сè зависи од основното заболување, тежината на клиничката слика, како и од влошувањето на лабораториските и на дијагностичките параметри.

Кај пациенти со срцева слабост, во зависност од тоа дали станува збор за акутна или за хронична срцева слабост како и од самата тежина на клиничката слика, фреквенцијата на нефролошките прегледи е различна. Таа може да се движи од чести прегледи – во фаза на влошување на срцевата функција, до контроли на секои шест месеци при хронична срцева слабост.

Исто така, потребна е контрола кај нефролог и кај сите што страдаат од дијабет и обезност, бидејќи токму овие две состојби се карактеристични за дијагностика и класификација дека еден пациент боледува од СБМ односно срцево-ренален метаболен синдром.

Д-р Катерина Ристоска, спец. по интерна медицина, супспец. по нефрологија

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

Сузана Манчиќ била на „подмладување на интимната зона“: Водителката откри детали за третманот

Еспресо

(Фото) Полна куќа: Катарина покажа што прави со децата на Дарко Лазиќ од претходните врски

Еспресо

„Ќe пеам уште неколку години“: Дара Бубамара го шокирала синот со својата одлука за кариерата

Еспресо

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

Еспресо

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Еспресо

Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Еспресо