5.8 C
Скопје
13:29 - 21 јануари, 2025

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Причини, компликации и решенија за синдром на полицистични јајници

Раната дијагноза и терапија заедно со регулирање на телесната тежината може да го намалат ризикот од појава на долгорочни компликации како што се дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.

Д-р сци. Ирена Андонова, специјалист по гинекологија и акушерство

Синдром на полицистични јајници (PCOS –polycystic ovarial syndrome) е гинеколошко хормонално заболување кое се јавува кај жените во репродуктивна возраст. Жените со PCOS често имаат ретки или продолжени менструации, имаат високи нивоа на машки хормони (андрогени) и често на јајниците имаат многубројни мали цисти (фоликули) со големина до 10мм кои не успеваат да ги ослободат јајце клетките во средината на менструалниот циклус.

Точната причина за појава на PCOS е непозната. Симптомите на PCOS често се појавуваат во адолесценцијата, но понекогаш се развиваат подоцна, на пример како резултат на значително зголемување на телесната тежина.

Симптомите на PCOS варираат, но најчесто се следниве:

Нередовни менструации. Ретки, неправилни или продолжени менструални циклуси се најчестиот знак на PCOS; Вишок андроген. Влакна на лицето и телото (хирзутизам), а понекогаш акни и ќелавост од машки тип; Полицистични јајници. Јајниците може да бидат зголемени, со голем број на неруптурирани фоликули, односно јајниците не функционираат нормално; Знаците и симптомите на PCOS обично се потешки доколку имате прекумерна телесна тежина.

Причини

Точната причина за PCOS е непозната. Фактори кои можат да играат улога се: Вишок на инсулин; Хронично ниско ниво на инфламација; Наследност; Вишок андроген.

Компликации

Неплодност; Гестациски дијабетес или висок крвен притисок; Спонтан абортус или предвремено породување; Метаболен синдром – група на состојби вклучувајќи висок крвен притисок, висок шеќер во крвта и абнормални нивоа на холестерол или триглицериди кои значително го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести; Дијабетес тип 2 или преддијабетес; Депресија, анксиозност и нарушувања во исхраната; Абнормално крварење од матката; Рак на слузницата на матката (рак на ендометриумот).

Терапија

Терапијата на PCOS се фокусира на индивидуалните проблеми и потреби, како што се неплодност, хирзутизам (влакнетост), акни или дебелина.

Промена на животниот стил: Намалување на телесна тежината преку нискокалорична диета во комбинација со умерени активности за вежбање. Губењето тежина, исто така, може да ја зголеми ефикасноста на лековите за PCOS и може да помогне при неплодност.

Лекови

Регулација на менструален циклус

Комбинирани апчиња за контрацепција. Таблетите кои содржат естроген и прогестин го намалуваат производството на андрогени и го регулираат естрогенот.

Прогестинска терапија. Земањето прогестин 10 до 14 дена на секои еден до два месеци може да го регулира менструалниот циклус и да штити од рак на ендометриумот.

Лечење на неплодност со:

Стимулатори на овулација како Кломифен, Летрозол (Фемара), Гонадотропини; Метформин, тоj е лек за дијабетес тип 2 ја подобрува инсулинската резистенција и го намалува нивото на инсулин; Анти андрогени како Спиронолактон (Алдактон). Овој лек ги блокира ефектите на андрогените на кожата. Спиронолактонот може да предизвика вродени дефекти, затоа е потребна ефикасна контрацепција додека го земате овој лек.

За да ги намалите ефектите од PCOS, обидете се да: Ја регулирате својата тежина. Губењето на тежината може да го намали нивото на инсулин и андрогени и може да ја врати овулацијата; Го ограничите внесот на јаглехидратите; Бидете активни. Вежбањето помага да се намали нивото на шеќер во крвта. Ако имате PCOS, зголемувањето на вашата дневна активност може да ја третира, па дури и да спречи резистенција на инсулин.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете го вашиот преглед или консултација на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

Дечкото на Милица Тодоровиќ се пресели од Загреб во Белград поради неа: Еве зошто тоа го крие од јавноста

Еспресо

„Има 10 станови што се издаваат само во село“: Стоја со години инвестирала во бизнис, месечно заработува 5.000 евра

Еспресо

(Видео) Доналд и Меланија Трамп заиграа на балот, првата дама блесна во моќна креација на Ерве Пјер

Еспресо

(Видео) Го поврзуваа со неа, а сега му пееше на роденденот: Душко Тошиќ славеше роденден до зори во Белград, сите очи вперени во пејачката

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ го затвори салонот во Белград! Еве зошто престана бизнисот што ќерката на Цеца го започна со другарката

Еспресо

Хороскоп за 21 јануари: Раковите ќе доживеат непријатни изненадувања во љубовта, Лавовите да внимаваат со парите, а вие?

Еспресо
Се вчитува....