Сопругата на легендарниот кошаркар Коби Брајант, кој неодамна загина со својата ќерка и девет други лица во хеликоптерска несреќа, Ванеса Брајант, сè повеќе ѝ се обраќа на јавноста.
Нејзините пораки покажуваат колку ѝ е тешко да се справи со големата загуба на нејзината ќерка и сопруг.
– Не сакам да ги пренесувам моите чувства со зборови. Мојот мозок одбива да прифати дека Коби и Џиџи ги нема. Не можам да ги процесуирам двајцата во исто време. Тоа е како да се обидувам да го процесуирам заминувањето на Коби, но моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да ми се врати. Јас сум толку лута. Имаше толку многу да проживее. Тогаш сфаќам дека морам да бидам силна и да бидам тука за моите три ќерки. Тоа е дел од процесот на тага – напиша Ванеса, пренесува „Аваз“.