12:49 - 8 ноември, 2026

Случај Бритни Гринер: Москва ги потврди преговорите за размена на затвореници

Вашингтон би го ослободил „трговецот на смртта“ Виктор Бут.

Москва и Вашингтон разговараат за можна размена на затвореници меѓу руски трговец со оружје притворен во САД и американската кошаркарка Бритни Гринер притворена во Русија, потврди вчера Александар Дарчиев, директор на северноамериканскиот оддел на руското Министерство за надворешни работи.

Соединетите Држави постојано тврдеа дека дале „суштинска понуда“ за да се обезбеди ослободување на двајца Американци приведени во Русија, имено Гринер и поранешниот маринец Пол Вилан осудени од Москва на 16 години затвор за шпионажа, пренесува анса.

Според американските медиуми, договорот вклучува размена со познатиот руски трговец со оружје, приведен во САД, Виктор Бут, наречен „трговец на смртта“. Бут беше уапсен во Тајланд во 2008 година и отслужува 25-годишна затворска казна во САД.

„Имињата цитирани во американскиот печат „всушност се земени предвид“, рече Дарчиев, нагласувајќи дека „Русија долго време се обидува да го ослободи Виктор Бут“. А потоа додаде дека „тивката дипломатија“ продолжува и треба да вроди со плод доколку, Вашингтон „ не падне во пропаганда“.

Ова е првпат Москва да потврди дека се водат дискусии за можна размена со Бут, пренесува анса.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....