5.8 C
Скопје
06:40 - 1 април, 2026

Словенија вели „да“ за хомосексуалните бракови и посвојувања деца од истополови парови

Земјата ја дефинираше сегашната ситуација како дискриминаторска, отворајќи се и за хомосексуалните бракови и посвојувања деца од истополови двојки.

Процесот што во Европа води кон поинклузивна реинтерпретација на концептот семејство продолжува. Минатата недела, и Словенија утврди дека брачната заедница не може да биде ексклузивно право на хетеросексуалните парови. Словенечкиот Уставен суд, одлучувајќи по две жалби, во врска со бракот, ја дефинираше ситуацијата во земјата како дискриминаторска кон истополовите двојки. Дискриминација која  „не може да се оправда со традиционалното значење на бракот како заедница меѓу маж и жена“.

Легализирање на хомосексуалните бракови, во Словенија во пракса, ќе се случи за шест месеци колку што е потребно донесената одлука да се внесе во законот, со што ќе се елиминира дискриминацијата што постои во земјата.

Во Словенија се преиспитуваа дури и посвојувањата на деца од хомосексуални парови кои живеат во заедница, зашто, како што се наведува, не само што брачните заедници не треба да зависат од полот на партнерите, туку и можноста за посвојување не може априори да се исклучи. Се разбира, како што е веќе случај за хетеросексуалните парови, дури и за посвојувања на хомосексуалци секој случај ќе треба да се анализира поединечно, но „апсолутната забрана не е соодветно средство за да се постигне максимална корист за детето“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....