7.8 C
Скопје
21:13 - 31 март, 2026

Сликата на Грос „Хитлер во пеколот“ е прикажана во Берлин! (ФОТО)

Сликата од 1944 година од германскиот сликар Џорџ Грос, на која нацистичкиот лидер Адолф Хитлер е прикажан како библиската личност Каин, денес е изложена во Историскиот музеј во Берлин, како дел од новите постојани изложени дела.

Сликата „Каин или Хитлер во пеколот“ го прикажува очајниот Хитлер како седи помеѓу костури додека позади него беснее војната, а самиот уметник за своето дело рекол дека го прикажува „Хитлер како фашистичко чудовиште или ѕвер на апокалипсата“.

Сликата, која музејот ја откупил  од наследникот на Грос, ќе биде изложена постојано во музејот.

Грос се смета за најважниот уметник кој се занимавал со политички теми за време на постоењето на Германскиот Рајх, односно во периодот помеѓу Првата светска војна и растењето на нацистичката моќ во 1933 година.

Грос емигрирал во САД во 1933 година, а нацистите неговите дела ги сметале за „дегенерисана уметност“ и ги уништувале.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....