01:57 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО УБАВИ ВЕСТИ: Значително потопло време, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО за разлика од вчерашниот ден со мала со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.
Според Попоски во следните денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните и тоа особено во планинските региони ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на пораст и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....