7.8 C
Скопје
23:05 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Врнежи од дожд и снег на пониските места, еве кога!

– Како што најавивме, од утре попладне и навечер па натаму следува период на променливо облачно време, на повеќе места со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално и повремено врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Врнежи само од снег повремено ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во југозападните предели. Што се однесува до температурите, минималните на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека максималните во текот на утрешниот ден ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени, додека значителен пад на истите ќе има за време на викендот кога ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Попоски напоменува дека температурите кој се очекуваат во следниот период ќе бидат под повеќе годишниот просек за месец март.

И во Скопскиот регион од утре попладне и навечер следува период на променливо облачно време, а особено за време на викендот ќе растат условите за повремени врнежи од дожд, додека на околните планини ќе има услови за врнежи од снег. Мали се условите во делови од Скопската котлина да има врнежи од дожд и снег, но сепак не се исклучуваат. Минималните температури понатаму ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 10 степени. Во текот на следниот период, a особено за време на викендот и тоа во западните и во југозападните предели се очекува понатамошно зголемување на снежната покривка.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....