6.8 C
Скопје
04:32 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Топло време, температури до ДУРИ ОВОЈ степен…

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална, повремено и позначителна облачност. Во попладневните часови локално и тоа особено во планинските региони ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат без поголеми промени и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени, додека за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела ќе бидат уште малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....