7.8 C
Скопје
23:07 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Снег и ветер над 80 км/час, проверете кога!

– Како што најавивме до самиот крај од оваа, како и во почетокот од следната недела, под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран, времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. Утре и во сабота на некои места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на град. До недела ќе дува и засилен до повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, локално со брзина од над 80 км/час -вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Според Попоски за време на викендот пак на планините во западните предели, како и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен, додека пад на истите за неколку степени ќе има од недела кога ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени. И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а можна е и појава на нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и силен ветер. Ќе дува засилен ветер од јужен правец, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....