02:10 - 2 април, 2026

Славчо Попоски прогнозира: Подгответе го чадорот, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне локално ќе има услови за краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени – вели Попоски. 
Според метео прогнозерот Попоски во следните денови времето ќе биде сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде за време на викендот, кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на град. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 30 степени.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....