6.8 C
Скопје
09:45 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Минус 10, многу студено време, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди. Локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално со брзина од над 60 км/час). Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.

Според Попоски утре и во понеделник се очекува преодно стабилизирање на времето, додека нов влажен со врнежи од дожд и од снег нашата држава ќе ја зафати во вторник. Утре и во понелденик во утринските часови повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО и минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Слични објави

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт од Канал 5 открија што ги нервира кај нив

msp-admin

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....