17:58 - 4 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Кога да не излегувате без чадор?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Во попладневните и во вечерните часови особено во јужните предели ќе има појава на повремен локален дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 21 степен.

Според Попоски, за време на продолжениот празничен викенд времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, и истите локално и повремено ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На некои места ќе има услови и за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Што се однесува до температурите, тие ќе опаднат уште за неколку степени и ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.

Слични објави

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо
Се вчитува....