23:39 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Какво ќе биде времето на новогодишната ноќ?

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини и речни долини особено претпладнево ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно. Особено претпладнево ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени.

Според Попоски утре ќе се задржи претежно облачно време а ќе има појава и на повремен локален дожд, додека од четврток па натаму времето ќе биде променливо облачно а ќе има и сончеви периоди. Температурите ќе бидат натпросечно високи и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

За време на новогодинашната ноќ пак времето ќе биде ведро и не многу студено со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека температурите ќе се движат во интервалот од 1 до 8 степени.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....