18:36 - 4 април, 2026

Славчо Попоски предупредува 42 степени и многу лошо влијание од сонцето

– Продолжува долгиот период на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите понатаму, и тоа особено од утре па за време на викендот ќе бележат тенденција на ГОЛЕМ ПОРАСТ и ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени, и тоа поради влијанието на ЕКСТРЕМНО ТОПЛАТА воздушна маса од Африка. Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности. Во Скопје и околината продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите од утре, а особено за време на викендот ќе се приближат дури до околу 40 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Поради ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ температури, но и големата суша која ќе ја зафати Македонија во следниот период, препорачуваме да внимавате како се однесувате со природата и да се избегнува движење по шуми, со цел да не дојде до евентуална појава на шумски пожари – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката по сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо
Се вчитува....