6.8 C
Скопје
08:22 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НИ НОСИ РАНО-ЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Проверете кога ќе не огрее радост!

– Денес, како и во текот на утрешниот ден времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за ретка појава на грмежи. Врнежите повеќе ќе бидат застапени во западните и во северните предели. Денес ќе дува слаб до умерен ветер од променлив, а утре на повеќе места ветерот ќе биде со засилен интензитет и од јужен правец. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа за време на викендот ќе имаме постабилно време со повеќе сончеви периоди, додека во почетокот од следната недела во претпладневните часови ќе биде стабилно, суво и претежно сончево со умерена локална облачност, додека во попладневните ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....