02:25 - 6 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Значителен пад на температурите, проверете кога

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и релативно тивко. Максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Според Попоски, утре во текот на денот полека облачноста ќе се зголемува и под влијание на нов влажен и студен бран кон крајот на денот и во текот на ноќта од запад и југозапад ќе започнуваат нови врнежи од дожд и снег на пониските и само снег на повисоките места и на планините. Врнежите ќе продолжат и во недела и особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголеми. Локални врнежи претежно од снег ќе има и во почетокот од следната недела. Сево ова ќе биде проследено и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие особено од недела ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛНО ОПАЃАЊЕ и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 9 степени.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....