6.8 C
Скопје
23:46 - 4 октомври, 2026

РЕЦЕПТ ОД ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАКЕДОНСКА КУЈНА: Омиленото јадење на Гордана Ѓорчева, презентерка на вести

И покрај тоа што во последно време сите сме преориентирани на здрава исхрана која вклучува повеќе зеленчук, сепак не треба да ја заборавиме традиционалната македонска кујна која ја негувале нашите мајки и баби.  

– Денес одлучив да споделам рецепт од кујната на мојата мајка од која ги научив највкусните традиционални рецепти и со задоволство и ги пренесувам на мојата ќерка Луција, а кои ги обожува мојот внук Вања. ПоЛнети пиперки се мојот фаворит во кујната.

Потревни состојки за 4 лица:

1 главица кромид

500гр мелено месо

100гр ориз

500гр доматно пире

2 поголеми компири

1 китка магдонос

1-2 свежи патлиџани

7-8 црвени пиперки или бабури

1 лажица сенф

Маслиново масло, сол, вегета, копар, оригано, по желба малку куркума, црвен пипер, црн бибер, малку биковец

Подготовка:

Во тавче на маслиново масло се пропржува претходно исецканиот кромид. Потоа се додава оризот. Откако кратко ќе се испржи се додава меленото месо. Смесата се пржи на тивко десетина минути. Се посолува, се додаваат зачините,  црвениот пипер и сенфот (за подобар вкус). На крај се додава и магдоносот. Се трга од оган.

Во подлабоко тавче се редат пиперките на кои претходно сме им ги извадиле дршките. Се полнат пиперките една по една со смесата и се затвораат со парчиња црвен домат.

Помеѓу полнетите пиперки се додаваат компири исецкани на не многу мали парчиња и сњ додава доматното пире.

Се прелева со 1 чаша вода.

Тавчето се прекрива со алуминиумска фолија и со вилушка се прават дупчиња на фолијата за да се задржи мирисот на пиперките.

Се пече  рерна околу час и половина на 180 степени.

Откако ќе испари течноста се отстранува фолијата и се остава во рерна уште десетина минути да се потпечат пиперките.

Вака приготвеното јадење послужете го на трпезата.

фото-приватна архива

Добар апетит!

 

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....