6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Жештините почнуваат, еве од кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во попладневните часови и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 23 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Според Попоски, во следните денови времето ќе се задржи сончево и СЕ ПОТОПЛО со мала до умерена, а утре повремено и локално и позначителна облачност. Локално, и тоа особено во вторник попладне ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, тие ќе бидат се повисоки и максималните дневни особено во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени, додека од средината на следната седмица во најтолите предели истите ќе се искачуваат и над 30 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....