01:20 - 2 април, 2026

Славчо Попоски најавува жештини во комбинација со невреме

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка, во следните денови времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ.

Температурите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, а Ув – индексот ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, но и да пијат што повеќе течности.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови во делови од котлината не се исклучува можноста за појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....