7.8 C
Скопје
07:30 - 2 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Утре локални врнежи претежно од снег, еве каде!

Како што веќе најавивме, утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локални врнежи претежно од снег, додека во југоисточните предели врнежите ќе бидат претежно од дожд или од дожд и снег. Ќе биде и студено, а ќе дува и умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за слабо проврнување на дожд и снег. Температурата ќе се искачи до околу 5 степени.
Според Попоски, потоа, во следните денови под влијание на студена воздушна маса од север, времето ќе се задржи променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен долж Повардарието. Локално ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....