13:00 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температури во пораст! Проверете до дури колку степени!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повеќе облачност ќе има во западните предели каде ќе има услови за слаб локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, особено во западните предели. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 7 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски, утре ќе се задржи сончево време со умерена локална облачност, додека повеќе облачност ќе има во западните предели.

Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени. Од недела па натаму следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Повеќе врнежи ќе има во западните предели а ќе дува и умерен, на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.

Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и на почетокот од следната недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Слични објави

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.
Се вчитува....