6.8 C
Скопје
05:39 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Температури дури до 20 степени, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и претежно СТУДЕНО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со умерена локална облачност и со умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, утре локално ќе има нешто повеќе облачност и особено во источните и во североисточните предели ќе има услови за сосема слаб локален дожд и снег на планините. И понатаму ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели.

Во деновите потоа, односно од средината на оваа недела се очекува ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и продор на топла воздушна маса од југ, а времето ќе биде претежно сончево, стабино и суво. Максималните температури тогаш во најтоплите предели ќе го надминуваат и 20 степени, односно температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....