6.8 C
Скопје
04:24 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Спремете се, минус 20, Сибир и во Скопје, еве кога!

– Утре времето во Македонија ќе биде претежно сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала локална облачност. Во вечерните часови, особено во северните и во североисточните предели ќе има повеќе облачност, а ќе има услови и за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен Долж Повардарието. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -3 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштат и под -15 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопје и околината, според Попоски, утре времето ќе биде сончево и СТУДЕНО со мала, а кон крајот на денот и умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до близу -10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 2 степени. Потоа и во следните денови нашата територија ќе биде под влијание на МНОГУ СТУДЕНА воздушна маса која се спушта од север. Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Повремено и локално ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално провејување на снег. Во следните неколку денови исто така ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -5 степени, додека понекаде истите се очекува да се спуштаат и до близу -20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 2 степени, додека во крајните југоисточни пртедели истите се очекува да се искачат до околу 5 степени.

Попоски напоменува дека во следниот период поради ЕКСТРЕМНО НИСКИТЕ температури ќе има појава на голомразица, па затоа на возачите им препорачуваме да возат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНО.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....