17:02 - 11 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Поројни дождови, еве кога!

Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, а попладне и тоа особено Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Исто така во попладневните часови ќе има појава на локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 27 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а попладне повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 22 степени.

Според Попоски,  во следните денови, вклучувајќи го и продолжениот празничен викенд, времето ќе се задржи променливо облачно со повремен локален дожд. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на пад, и тоа особено за време на продолжениот празничен викенд кога ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степен.

Слични објави

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо
Се вчитува....