10.8 C
Скопје
21:12 - 17 октомври, 2026

Илон Маск го „запали“ Твитер: Следно ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот во неа

Откако Маск го купи Твитер, на социјалните мрежи кружат разни досетки на оваа тема, кои не го заобиколија ниту самиот Маск.

Изгледа дека на Илон Маск многу му се допадна една од „форите“ која кружи на интернет по неговото купувањето на Твитер, па и самиот ја „твитна“.

„Следно ја купувам Кока-Кола за да го вратам кокаинот во неа“, напиша тој на „Твитер“ и собра повеќе 2 милиони лајкови.

„Слушајте, јас навистина не можам да правам чуда“, напиша тој споделувајќи ја објавата: „Сега ќе го купам Мекдоналдс и ќе ги поправам сите машини за сладолед…“

„Да го направиме Твитер што е можно позабавен“, додаде Маск.

Сподели и уште еден интересен твит: „Сега кога го купив Твитер, ќе го избришам. Следен е Фејсбукот. излезете надвор и уживајте во животот.“

Илон Маск е еден од најпопуларните луѓе на Твитер.
Најбогатиот човек на светот го обожава Твитер, а неговиот профил е полн со необични објави. Маск на Твитер го следат повеќе од 86 милиони луѓе, додека тој следи само 114.

Списокот на луѓе што ги следи Илон Маск е доста разновиден. Маск редовно ги следи објавите на неговата популарна мајка Маја Маск и сестрата Тоска, а ги следи и Канје Вест, Џо Роган и Џек Дорси. Ги следи и НАСА, Саут Парк и неколку научни профили. Има и официјални профили на неговите компании Tesla и SpaceX.

Маск ја следи и својата партнерка Грајмс, но и поранешната сопруга Талула Рајли, со која беше двапати во брак.

Секако, на листата се и официјалните профили на неговите омилени криптовалути.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....