13:08 - 13 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Нови врнежи од дожд и снег, еве кога!

– Како што најавивме, утре и во четврток времето ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Особено утре ќе дува и слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Нов влажен бран од запад нашата територија ќе ја зафати во петок попладне и навечер, како и за време на викендот и истиот ќе услови нови врнежи од дожд и од снег – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Што се однесува до температурите, минималните ќе бидат доста ниски и во текот на следните неколку утрини понекаде истите ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на мал пораст и тоа особено од четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.

И во Скопскиот регион времето утре и во четврток ќе биде претежно стабилно и суво, односно променливо облачно со сончеви периоди. Утре ќе дува северен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет.

Нови врнежи претежно од дожд се очекуваат особено за време на викендот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 0 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 11 степени, што значи дека истите во текот на следните денови ќе бележат тенденција на мал пораст.

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....