13.8 C
Скопје
12:16 - 23 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Не излегувајте без чадор, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи од дожд и тоа особено во северните предели. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 14 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
Потоа во следните денови, вклучувајќи ги и Велигденските празници времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а до сабота и со повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Исто така во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец.
Постабилно време ќе имаме во недела, додека во почетокот од следната недела во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со грмежи. Што се однесува до температурите, тие и понатаму ќе бележат тенденција на секојдневен пораст, а особено топло ќе биде за Велигден кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени.

Слични објави

Маја Николиќ го покажа пластичниот веренички прстен: „Не ми требаат дијаманти…“

Еспреси

(Фото) „Да имаш сила кога е тешко“: Соња Тарчуловска ја покажа сестра си

Еспресо

Не сака ништо со него! Ана Ивановиќ ја прекина и последната врска со Швајнштајгер, стави крај и на заедничките милионски бизниси

Еспресо

(Видео) Елена Велевска: Јас сум најодговорната мајка, децата ми се разбрани

Еспресо

(Фото) „Ме замоли да го направам тоа, ветив, не знаев…“ Дарко Лазиќ сподели трогателна објава за својот покоен брат Драган

Еспресо

Хороскоп за 23 март: Вагите ќе поттикнат креативна љубопитност, Стрелците ќе ги контролираат емоциите

Еспресо
Се вчитува....