7.8 C
Скопје
23:56 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: Минусни температури, па нагло – високи, проверете кога

– Како што најавивме, и во следните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Што се однесува до температурите, минималните и тоа утре наутро на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 21 степен, што значи дека истите ќе бележат тенденција на пораст- вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....