12.8 C
Скопје
18:03 - 11 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ МЕТЕО-ПРОГНОЗА: Пред нас – сончеви периоди, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Попладне ќе има услови за ретка појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Според Попоски, во следните денови во претпладневните часови ќе има повеќе сончеви периоди, додека во попладневните ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Што се однесува до температурите, минималните ќе бидат значително пониски, и тоа особено утре наутро кога ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 8 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на пораст, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени.

Слични објави

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо

Ни доаѓа најхаотичниот ден во последните 45 години: Ќе се совпадне речиси сè што не треба, предупредуваат астролозите

Еспресо

Повторно насилство во семејството Голубовиќ: Судот му изрече итна мерка на Кристијан

apostolova

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо
Се вчитува....