00:15 - 9 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ИМА УБАВА ВЕСТ: Значително топло и сончево време, еве кога!

– По студениот фронт кој од север се спушти и помина над нашата држава синоќа, и истиот услови нагло заладување на времето и снежни врнежи и тоа особено во западните предели и формирање на нова снежна покривка, веќе од утре па натаму и тоа под влијание на ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛА воздушна маса од југ, времето ќе биде претежно стабилно и суво со многу повеќе сончеви периоди. Исклучок ќе биде утрешниот ден кога локално сеуште ќе има нешто повеќе облачност, а Долж Повардарието ќе дува и засилен ветер од северозападен правец – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, температурите во следните денови ќе бидат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени, со што ќе дојде до топење на снежната покривка таму каде што ја има. Сепак наутро останува студено, и тоа особено утре изутрина кога речиси насекаде ќе имаме негативни температури, а потоа и минималните утрински температури ќе бележат тенденција на пораст. И во Скопскиот регион во следните денови ќе имаме ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО и постабилно време со сончеви периоди.

Максималните температури ќе бележат тенденција на поголем пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 13 степени, додека наутро температурите ќе се спуштаат за некој степен под нулата.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....