01:19 - 2 април, 2026

Славчо Попоски: денес многу топло и спарно време, температури од 40 степени се пред нас…

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во попладневните и во вечерните часови локално, и тоа особено во источните предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималната температура ќе се искачи до околу 32 степени. Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места ќе има услови и за појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат до околу 40 степени. УВ – ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа на граѓаните им советуваме да се заштитуваат од лошото влијание на сонцето, и да пијат што повеќе течности.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....