13:48 - 12 март, 2026

Славчо Попоски алармира на невреме во Скопје

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени- вели Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови и за појава на НЕВРЕМЕ. Максималната температура ќе се искачи до околу 28 степени. Потоа до самиот крај на оваа, како и во почетокот од следната недела времето и понатаму ќе се задржи нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и заислен ветер.

Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ, проследено со интензивен пороен дожд (за кратко време позначително количество на воден талог кое може да услови и локални поплавувања), силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие уште утре ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвежо ќе биде токму во текот на утрешниот ден, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени, додека од сабота па натаму температурите ќе бележат тенденција на постепен пораст – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

(Фото) Голема роденденска забава за малиот Перун: Синот на Огњен Амиџиќ наполни две години

Еспресо

Една година пред да почине ѝ се случи нешто важно: Помалку позната приказна за Атина Апостолова

msp-admin

Естрадата се простува од братот на Дарко Лазиќ: Слоба и Јелена го посетија пејачот во Брестач

Еспресо

Убави вести од Спасен Силјановски, во приказната е и Сузана Гавазова

msp-admin

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin
Се вчитува....