5.8 C
Скопје
05:10 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ НАЈАВУВА: По денешното сонце, снег, студ и силен ветер, проверете точно кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 10 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Потоа под влијание на влажен и студен воздушен бран од север, особено утре попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон вторник ќе има врнежи од дожд и снег на планините. Поради спуштање на студен фронт од север, утре во вечерните часови и во текот на ноќта кон вторник врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и на некои од пониските места. Ќе започне да дува засилен до СИЛЕН северен ветер, а снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, и тоа особено во западните предели, додека на планините истата ќе се зголемува. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.

Според Попоски, пониски температури и тоа поради северниот ветер ќе имаме во вторник и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 7 степени, а ќе има услови и за локално провејување на снег, особено во планинските предели. Веќе од среда па натаму ќе имаме претежно стабилно, суво и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО време.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....