7.8 C
Скопје
22:37 - 31 март, 2026

СИ ЗАМИНА УШТЕ ЕДЕН АКТЕРСКИ ВЕЛИКАН: Почина оскаровецот Вилијам Харт

Вилијам Харт, оскаровецот познат по улогите во филмовите „Kiss of the Spider Woman“, „Broadcast News“, „Artificial Intelligence“ и „Smoke“, почина во неделата на 71-годишна возраст.

„Со голема тага семејството Харт жали за смртта на Вилијам Харт, сакан татко и со Оскар награден глумец, на 13 март 2022 година, една недела пред неговиот 72-ри роденден. Почина мирно, во кругот на семејството, од природна смрт. Семејството бара приватност во овој момент“, објави синот на актерот Вил.

Харт имаше три последователни номинации за Оскар за најдобар актер. Станува збор за филмовите „Kiss of the Spider Woman“ од 1985 година за кој доби Оскар, потоа романтичната драма „Деца на помалиот Бог“ (1986) и еден од најдобрите филмови на осумдесеттите – „Broadcast News“ од 1987 година, каде ја игра улогата на телевизиски новинар.

Во 1985 година Харт беше номиниран за наградата Тони.

Четвртата номинација за Оскар, Харт ја доби во 2005 година и тоа за споредна улога во криминалистичкиот трилер „Историја на насилството“.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....