3.8 C
Скопје
20:09 - 20 декември, 2024

ШТИПЈАНКАТА ПАУЛА РАСКАЖУВА ЗА ШЕИКОТ ОД БАХРЕИН, а шеикот не е некој богаташ туку е мачор

Од Бахраин, преку Штип, на пат кон Флорида – Мушо има пријатели од целиот свет

Паула и нејзиниот вереник Влатко се големи љубители на животни, секогаш се обидуваат да им помогнат на бездомните животни. Паула растела со секаков вид на миленичиња: мачки, кучиња, зајаци, морски прасиња…

Кога животниот пат нè однесе во Бахреин, мојот втор дом, одлучивме да вдомиме милениче. На 25. 02. 2019 го вдомивме Мушо. Долго време разгледував, но не сакав да купам маче, туку да згрижиме бездомно животно. Кога го видов видеото од Мушо, срцето ми се стопи. Изгледаше преплашено и како едвај да чекаше некој да го спаси од таму. Кога го вдомивме имаше 8 месеци, посвоен е од фарма за животни во едно локално село во Бахреин. Не знам каков му бил животот пред тоа, но со сигурност не бил убав. Од моментот кога за прв пат влезе во колата, на патот кон дома, тој веќе беше пресреќен, раскажува Паула за нејзината љубов, миленикот Мушо.

Паула вели дека Мушо е премногу темпераментен мачор, кој премногу јаде, несвојствено за хималајски персиец, и воопшто, многу повеќе од која било мачка. Веројатно, тоа му останало како траума од неухранетост. Тежи цели шест и пол килограми!

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Доаѓа да ме земе од работа, го разбирам што сака да каже кога мјаука, понекогаш мислам дека е куче, а не мачор

–  Максимално ужива да се вози во автомобил, а сака и да шета низ парк. Премногу е интелигентен и лесно се адаптира. Во Баахреин често менувавме станови и тоа воопшто не му претставуваше проблем. Се сеќавам на една смешна случка кога често го носев во градината на прошетка каде имаше и базен. За него беше лошо искуство од кое ја доби лекцијата да не брза премногу. Трчајќи наоколу, падна во базенот, па мораше да научи да плива. Меѓу другото, тој е и прилично фотогеничен, па му отворивме инстаграм профил за да ја промовираме неговата убавина. Но, и карактерно отстапува од останатите мачки. Понекогаш си мислам дека е куче. Изразува емоции преку мачешки говор, а јас го разбирам речиси сè.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Мојот верник Влатко го имаше истренирано, кога ќе му кажеше: „Мушо ајде да ја земеме мама од работа“, тој веднаш скокнува, чека пред лифт, штом се отвори вратата, влегува во лифтот, се вози трпеливо и потоа скока на задното седиште од автомобилот. Си легнува и ужива во возењето. Цела компанија каде што работев го познаваше Мушо. Имаше пријатели од цел свет, Индијци, Арапи, Филипинци кои секојдневно прашуваа: „Што прави Мушо?“ Тој беше член на Пет Кабана во Бахраин, беше номиниран за „Мачор на годината“ и редовно добиваше Груминг услуги, гордо ни раскажува „мајката“ на Мушо.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Короната – причина од Бахреин да се вратиме во Македонија, Мушо – причина да останеме тука

Паула и нејзиниот вереник, поради короната, на 16. 10. 2020 година, одлучиле да се вратат во Македонија. Тоа било првото подолго патување на Мушо, цели 30 часа, кое тој херојски го издржал. Оттогаш, „персиецот“ живее во родниот град на Паула – Штип. Како што таа вели, на почетокот му било тешко да се прилагоди на промената, особено на македонската клима. Во Бахреин поради високите температури, тој постојано бил под клима, а во Македонија, зимно време – под јорган.

Тука имам уште една мачка по име Буба, персијка стара 9 години. Отпрвин не се согласуваа, потребни им беа неколку месеци за да се спријателат, а сега се неразделни најдобри другари. Инаку, во Македонија често патуваме, а Мушо секогаш оди со нас. Ужива во природата и свежиот воздух, се радува на сите миризби кои недостасуваат во Бахреин. Знае често да побегне од дома за да им покаже на уличните мачки кој е главен. Дури и комшиските кучиња се плашат од него. Во јануари 2021 година добив повторна понуда да се вратам во Бахреин, но имав големи потешкотии во однос на документацијата која ја бараа за да можеме да го земеме Мушо со нас таму. Од таа причина, за некого смешна, за нас пресудна, не се вративме во Бахреин, туку останавме тука, во Македонија. Но, приказната за Мушо нема да заврши во Македонија, неговите патувања ќе продолжат, а следна дестинација ќе биде прекрасната Флорида. Сепак, Мушо секогаш ќе остане мојата најголема љубов и спомен од мојот втор дом – Бахреин, завршува Паула.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....