7.8 C
Скопје
21:02 - 31 март, 2026

„Шокови на цените на храната ќе траат до 2024 година, а може и подолго“ – мислење на експерите

Ако тврдите дека сте шокирани од зголемите цени на производите, следува нов шок – и така до 2024 година, сметаат експертите во најновата анализа. 

Зголемените цени на храната и намалените залихи по војната меѓу Русија и Украина веројатно ќе траат до 2024 година, а можеби и понатаму, објави S&P Global Ratings во извештајот „Глобалниот прехранбен шок ќе трае со години, а не со месеци“.

Недостигот на ѓубрива, контролата на извозот, нарушувањето на глобалната трговија и зголемените трошоци за гориво и транспорт ќе извршат нагорен притисок врз цената на стоките.

„Нашата анализа покажува дека земјите со низок и среден приход во Централна Азија, Блискиот Исток, Африка и Кавказ може да бидат најмногу погодени од првото влијание“, рече Самуел Тилереј, кредитен аналитичар на S&P Global Ratings.

Шокот на цените на храната ќе влијае на растот на БДП, фискалните сметки и социјалната стабилност. Украина и Русија, двете или поединечно, се меѓу првите три светски извозници на пченица, пченка, семе од репка, семки од сончоглед и сончогледово масло. Заедно, тие сочинуваат 12% од сите внесени калории во исхраната. Русија и Белорусија беа првите и шести најголеми извозници на ѓубрива на глобално ниво во 2020 година.

Слични објави

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо
Се вчитува....