01:01 - 11 април, 2026

ШОКАНТНО: Врховниот суд на САД е подготвен да го укине правото на абортус! „Време е да се слуша Уставот и да се врати прашањето за абортусот на избраните претставници на народот“

Врховниот суд има намера да гласа за укинување на законот од 1973 година со кој се гарантира правото на абортус во САД.

Ова го откри „Политико“ кој добил ексклузивен нацрт напишан од судијата Самуел Алито за мислењето на мнозинството.

Документот е „целосно и цврсто“ отфрлање на историската пресуда на Ро против Вејд. „Ние веруваме дека „Ро и Кејси“ треба да се укине“, се вели во нацрт-мислењето на Судот. „Време е да се слуша Уставот и да се врати прашањето за абортусот на избраните претставници на народот“, пишува во документот.

Нацртот е изготвен во февруари, велат упатени извори за „Политико“. Четворицата судии номинирани од републиканците – Кларенс Томас, Нил Горсух, Брет Кавано и Ејми Кони Барет – гласаа заедно со Алито, назначен од претседателот на Gran Old Party, Џорџ В. Буш, во 2005 година, за укинување на правото на абортус. Тројцата демократски судии Стивен Брејер, Соња Сотомајор и Елена Каган работат на контра-нацрт, рекоа извори. Не е јасно на која страна ќе застане претседателот на Врховниот суд Џон Робертс, исто така назначен од Буш во 2006 година.

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....