11:03 - 3 април, 2026

ШОКАНТНА ЦИФРА: Колку потроши Бен Афлек за вереничкиот прстен на Џенифер Лопез?

Пред само неколку дена обожавателите на Бен Афлек и Џенифер Лопез беа изненадени од веста дека тие двајца се подготвени за брак и дека веќе се вериле.

Веста ја соопшти пејачката, која прво во нејзиниот билтен, а потои и на Инстаграм, низ солзи го објави настанот, односно веридбата, и го покажа неверојатниот прстен кој за таа прилика ѝ го подарил глумецот.

По објавувањето, вниманието брзо се насочи кон залогот на љубовта и многумина се прашуваат колку потрошила ѕвездата од „Армагедон“ за скапоцениот прстен.

Се чини дека овој пат Бен Афлек и Џенифер Лопез сакаат да направат навистина големи работи; тоа го докажува свршеничкиот прстен што таа им го покажа на своите обожаватели и кој брзо им го привлече вниманието.

Тоа е всушност прекрасен прстен со редок зелен дијамант од околу 8,5 карати. Според порталот Пејџсикс вкупната вредност на знакот на љубовта би изнесувала околу 10 милиони долари.

Фановите на Бенифер ќе се сетат дека двојката веќе требаше да се венча во раните 2000-ти, но, како што знаеме, тие двајца никогаш не стигнаа до црква.

И во тоа време, Бен Афлек не штедеше, подарувајќи ѝ на Џенифер Лопез веренички прстен од приближно 6,1 каратен розов дијамант кој Pagesix.com би го проценил на околу 1,2 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

 

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....