14:26 - 13 ноември, 2026

Богат шеик од Дубаи полудел по Цеца, за пејачката платил вртоглава сума!

Еден богат шеик од Дубаи слушнал дека српската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ Цеца ќе настапи во тој град на 15 ноември, а два месеца пред концертот го изнајмил централното сепаре за да биде веднаш пред сцената. Како што дознава српски „Информер“ од извор близок до организаторите на овој концерт, милионерот на секој начин се обидел да си го обезбеди местото, без да праша за цената, во што и успеал!

– Само што беа пуштени во продажба, луѓето од протоколот на шеикот беа меѓу првите кои дојдоа да земат билети. Објаснија дека нивниот шеф сака ВИП сепаре сместено пред самата бина, за да може да ужива и во песната, но и во погледот на жената од која го маѓепсала – изјавил за „Информер“ добро упатен извор и додал дека тој самиот бил изненадени што во Дубаи ја слушаат српската музика и што воопшто ги знаат српските пејачки.

– Ни рекоа дека шеикот веќе имал можност да ја слушне Цеца, но не знаеле дали ја слушал во живо или некој му ги пуштал нејзините песни, спотови… Им рекол и дека би сакал лично да се запознае со неа, како и да ѝ каже колку му се допаѓа. Купиле 10 билети и го платиле сепарето два месеца пред самиот концерт. Не се сомневаме дека ги бројат деновите до пристигнувањето на Цеси во Дубаи – изјавил изворот за „Информер“.

Српскиот портал дознава и дека многу нејзини колешки, меѓу кои Катарина Грујиќ, Марина Вишковиќ, Каја Остојиќ и други, ќе отпатуваат во Дубаи на настапот на Цеца.

 

Слични објави

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.
Се вчитува....