15:11 - 13 ноември, 2026

(Фото) Огњен Амиџиќ се подмлади: Ги покажа лузните на очите, погледнете ја неговата промена

Српскиот водител Огњен Амиџиќ (49) ги изненади гледачите со својот целосно нов изглед.

Огњен во своето шоу изгледал забележително поинаку, а вниманието го привлече поради лузните на очните капаци, поради кои многумина се запрашаа дали се подложил на естетска операција.

Иако не потврди за што точно се работи, се чини дека водителот сакал да го освежи својот изглед.

Резултатите од промената се очигледни, а публиката синоќа можеше да ги види од прва рака при неговото гостување во „Амиџи шоу“.

Инаку, Амиџиќ и неговата сопруга Мина Наумовиќ неодамна добија син, кој го нарекоа Перун.

Мина Наумовиќ на својот инстаграм-профил често објавува фотографии и видеа од приватниот живот, а минатиот месец сосема опуштено се фотографираше додека готви ручек.

Наумовиќ позираше во широка маица покрај шпоретот, носејќи маска за подочници, а во описот напиша:

– Само гламурозно во петок!

За потсетување, гордата мајка неодамна одговори на коментарите за името на нејзиниот наследник.

– Не ме интересира што мислиш за името што го избрав за моето дете. Во принцип, не ми е гајле што мислите за ништо. Сакам да слушам мислење само кога го барам. Одржувајте лична хигиена и бидете добри со мене – рекла Мина во таа прилика.

Слични објави

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.
Се вчитува....