9.8 C
Скопје
12:42 - 1 април, 2026

(Фото) Шакира и Хамилтон повторно заедно: Уловени на романтична вечера во Барселона

Пред нешто помалку од еден месец, по Формула 1 ГП во Мајами, излезе на виделина вечерата меѓу возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон и пејачката Шакира во ресторанот Cipriani, лоциран во центарот на американскиот град.

Гласините за врската меѓу Колумбијката и Британецот повторно се разгореа откако повторно беа фатени на вечера по Шпанското ГП во неделата (вчера).

Шакира слета во Барселона во средата со своите деца Саша и Милан и ја искористи посетата за да ужива во Шпанското ГП што се одржа во Каталонија, каде Хамилтон се врати на подиумот откако заврши втор зад Макс Верстапен.

Откако во неколку наврати беа забележани заедно по трката во Мајами, гласините за романса меѓу Шакира и Хамилтон вртоглаво пораснаа.

 

Во неделата вечерта повторно се вклучија сите аларми откако на социјалните мрежи протекоа фотографии од Колумбијката заедно со Британецот во ресторан во Барселона.

Тие не беа сами, бидејќи на вечерата присуствуваа и канадскиот музичар и продуцент Даниел Цезар, суданскиот кантавтор Мустафа и емиратската манекенка Фаи Кадра, блиска пријателка на Кендал Џенер во ресторанот Ел Парко, познат јапонски ресторан во градот. .

Врската меѓу Шакира и Хамилтон, засега тие ја дефинираат како големо пријателство, но Британецот неодамна веќе призна дека бил многу ентузијастички расположен за „латино“ девојка. Возачот на Мерцедес среде настан рекол дека си бара девојка и тоа со зборовите: „Треба да најдам Латина“.

 

 

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....