7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

Северна Кореја лансираше десет проектили, некои многу блиску до бреговите на Сеул, Јужна Кореја веднаш одговори со три проектили!

Јужна Кореја лансираше три „прецизни ракети воздух-земја“ во водите северно од меѓукорејската поморска граница, како одговор на ракетните лансирања извршени денеска од Пјонгјанг кон Јапонското Море. Ова го соопшти војската на Сеул.

Пјонгјанг лансираше вкупно десет проектили, од кои едниот падна на само 57 километри од јужнокорејскиот град Сеокчо на источниот брег на Јужна Кореја.

Претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јол, реагираше велејќи дека го смета лансирањето на проектилите за „територијална инвазија“.

Северна Кореја соопшти дека нејзините неодамнешни тестови на оружје имале за цел да издадат „предупредување“ до Вашингтон и Сеул за нивната серија заеднички воени вежби за кои тие сметаат дека се доказ за инвазија.

Во изјавата Пак Јонг Чон, секретар на владејачката Работничка партија, кој се смета за близок и доверлив на лидерот Ким Џонг Ун, ги нарече вежбите „агресивни и провокативни“.

„Ако САД и Јужна Кореја се обидат да ја искористат војската против нас, специјалните средства на нашите вооружени сили ќе ја извршат својата стратешка мисија без одлагање“, рече Пак, очигледно повикувајќи се на нуклеарното оружје на неговата земја.

 


„САД и Јужна Кореја ќе треба да ја платат најстрашната цена во историјата“, рече тој.

Американските и јужнокорејските власти цврсто изјавија дека нивните вежби имаат одбранбен карактер и дека немаат намера да ја нападнат Северна Кореја.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....