6.8 C
Скопје
07:27 - 20 февруари, 2026

Северина ја поддржа актерката Анѓела Јовановиќ, која Бранислав Лечиќ ја тужеше затоа што одби да снима сцена со него

Пејачката Северина проговори и јавно ја поддржа српската актерка Анѓела Јовановиќ откако актерот Бранислав Лечиќ ја тужеше.

Анѓела била тужена од колега само затоа што одбила да снима сцена со него за серијата „Радио Милева“ и сега тој од неа бара 2560 евра за штетата што му ја нанела.

По веста за тужбата, актерката ја поддржаа многу јавни личности, меѓу кои и Северина.

Имено, Северина на својот Инстаграм профил сподели објава во која ѝ се заблагодари на Анѓела што кажала не, а под неа остави коментар за поддршка.

„Браво“, напишала Северина.

Да потсетиме, по веста за тужбата се огласија и Анѓела и Бранислав. Додека таа објаснуваше зошто одбила да снима сцена со него, тој откри зошто ја тужел.

„Да, точно е дека Бранислав Лечиќ ме тужеше на суд, бидејќи одбив да играм со него во серијата „Радио Милева“. Одбив да играм поради една непријатна случка од минатото што ја имав со него. Не сега. Во ниту еден момент во иднина не сакам да бидам во ист тим со тој човек, и поради тоа што го поминав, и во принцип, поради она за што го обвинуваа моите колеги“, изјавила Анѓела Јовановиќ, несакајќи да зборува за деталите од непријатното искуство од минатото.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ проговори за приказните за авторските права, но и на обвинувањата дека „позајмил“ песна од колега

Е.А.

„Поради него ми закануваат со смрт“: Новата врска на Гастоз и Тина Аморе предизвика бурни реакции на фановите

Е.А.

Рада Манојловиќ купила стан за 250.000 евра, а луѓето ја исмејувале затоа што возела „пежо“

Еспресо

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо
Се вчитува....