15:12 - 1 април, 2026

Се врати највлијателниот Инстаграм профил на Балканот: Јелена Карлеуша повторно е тука!

На српската поп-пејачка Јелена Карлеуша ѝ е вратен Инстаграм профилот, откако извесен период беше затворен поради разни напади.

Имено, по неколкудневна „борба“ – Јелена и нејзиниот тим успеале да го вратат еден од највлијателните профили на балканските простори.

Јелена на Инстаграм ја следат повеќе од 2,4 милиони луѓе, а тој профил ѝ беше најчестото средство за рекламирање на различни теми кои секогаш привлекуваа внимание.

Нејзиниот профил бил нападнат од 100.000 ботови.

Јелена не се огласи, но нејзиниот ПР и продуцент Зоран Бирташевиќ изјави дека интензивно работеле на враќање на профилот.

– Многу најавувања од бот-профили на различни ИП (IP) адреси на профилот на Карлеуша резултираа со привремен проблем кој моментално го решаваме. Се ќе биде во ред. Ќе го врати ЈК Инстаграм. Викенд е, па малку побавно оди – напиша тогаш Зоран.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....