02:18 - 13 април, 2026

Се огласи Том Хенкс откако заболе од коронавирусот

Холивудскиот глумец Том Хенкс и неговата сопруга, глумицата Рита Вилсон, се болни од коронавирус. Хенкс се огласи на својот инстѕаграм-профил со порака со која им се заблагодарува на луѓето за поддршката што им ја даваат.

„Рита и јас сакаме да им се заблагодариме на сите коишто се грижат за нас. Имаме Ковид-19 и во изолација сме за да не заразиме никого. Во наша близина има луѓе кај кои, доколку ги заразиме, тоа би можело да помине во сериозна болест“, напиша Хенкс и додаде:

„Одиме ден по ден. Постојат работи кои сите можеме да ги направиме за да ја пребродиме оваа ситуација, така што ќе ги следиме советите на експертите и ќе се грижиме едни за други. И запомнете, и покрај сите моментни случувања, нема плачење во бејзболот.“

Хенкс рекол дека тој и Рита биле во Австралија, дека се чувствувале по малку уморни, како да имаат настинка и чувствувале болки во телото.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо
Се вчитува....