05:45 - 11 април, 2026

СЕ ГЛЕДАМЕ ВО САБОТА: Kолажна емисија посветена на модата и животниот стил со Сани и ќерка ѝ Анастасија

По неколку години отсуство, модната новинарка Снежана Богдановска-Сани се враќа на малите екрани. Со малку видоизменет концепт, збогатен содржински и визуелно но и со партнерска поткрепа од долгогодишната соработничка и ќерка Анастасија Богдановска-Стејси, која десетина години наназад  ја следи Миланската модна недела од првите редови.

„House of style”е  колажна емисија посветена на модата и животниот стил . Фото-приватна архива

Со намера да го пополни вакумскиот простор на отсуство на ваквата тематика , во десетина рубрики, кои ќе се обликуваат различно и согласно актуелностите ќе бидат опфатени сите сегменти на модата и животниот стил (од најновите вести , преку актуелни теми до практични совети за стилот ) каде што реципиентите пред екраните ќе се анимираат на еден забавен, информативен и едукативен начин и ќе се забавуваат низ интересните модни приказни на нашите и светските модни дизајнери, критичари, инфлуенсесри итн.

Низ разговорите во отвореното студио со познатите гости од светот на модата, музиката и јавниот живот ќе се  откриваат модните совети и критики на релевантните стручни лица, но ќе се опфатат и теми од секојдневното урбано живеење во градот. Двете водителки , секоја специфична  и оригинална на свој начин, ќе ја обликуваат 45 минутната приказна со коментари, совети и критики, ќе информираат за најновите трендови,ќе ги промовираат модниот речник и модните лица, ќе го промовираат модниот едиторијален трик преку трансформација на изгледот на ликот на секојдневните луѓе (пред и потоа), ќе информираат за новите модни збиднувања кај нас и во светот.

Емисијата ќе се емитува на ТВ24 секоја сабота во 22:30ч.

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....